Вкупниот промет во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани е намален за 10 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 12.7 %,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 105.9, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 90.9.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2024, во однос на март 2023 година, е намален за 3.4 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 18.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 19.2 %.