На 13.04.2022 година, проектот „ЕУ за економски раст” објави повик за предлози од постојни микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст кои се основани во Северна Македонија и имаат канцеларии и вработени во Северо-источниот, Полошкиот, Југо-западниот регион и Преспа (Општина Ресен).
Грантовата шема е во висина од вкупно 4.5 милиони евра наменети за поддршка во привлекување на инвестиции, надградување на менаџерските, техничките и оперативните капацитети, подобрување на перформансите, зголемување на извозот и профитот, креирањето на нови работни места (особено за луѓе помлади од 40 години, жени и ранливи категории на граѓани). Посебен фокус ќе биде ставен на воведување на нови производи и услуги, придонес кон зелената економија и креирање на мерки за нула загаденост и нула отпад со кои ќе се влијае на намалувањето на негативните ефекти врз животната средина и климатските промени.
Предлог проектите можат да траат најдолго 18 месеци, висината на грантовите се движи од 50.000 до 300.000 евра, а сумата за која се аплицира ќе покрие од 20 од 50 проценти од вкупниот буџет на проектот.
На повикот може да се пријават правни лица кои:
- согласно критериумите за мали и средни претпријатија имаат помалку од 250 вработени и/или чиј годишен обрт не надминува 50 милиони евра и/или
- се основани на територијата на Северна македонија најмалку 36 месеци пред истекот на рокот за аплицирање на повикот
- имаат канцеларии и вработени во Северо-источниот, Полошкиот, Југо-западниот регион и Преспа (Општина Ресен)
- имаат доволно технички, финансиски и менаџерски капацитети да го имплементираат предлогот
- се директно одговорни за подготовка и менаџирање на активноста и не се појавуваат во улога на посредници
- се вклучени во други активности на проектот „ЕУ за економски раст”
- ќе поднесат документ подготвен од локална организација за поддршка на бизнисите (на пример план за инвестиции, план за развој и слично) во кој се предлогот е идентификуван како потребен и истиот се препорачува
Целосниот повик може да се најде на следниот линк: GIZ North Macedonia on LinkedIn: Call for Proposals