Просечната нето-плата во Србија за јуни 2020 година изнесува 59.740 динари, а конвертирано во денари тоа би било 31190 денари и е номинално поголема за 11,4 проценти во однос на истиот месец лани, објави Републичкото биро за статистика на Србија.

Бруто-платата во јуни во јуни изнесувала 82572 динари односно 43111 денари, што е за 11,6 проценти повеќе номинално, отколку во јуни 2019 година.

Кај нас просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е раст за 7,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 проценти), Рударство и вадење на камен (15,2 отсто) и Образование (12,6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,3 отсто) и Стручни, научни и технички дејности (4,3 проценти).

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5 отсто), Рударство и вадење камен (15,9 отсто) и Образование (13,6 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,5 проценти) и Преработувачка индустрија (4,2 отсто).