Просечната плата се намалува трет месец со ред. Во јули според статистика изнесувала 24.072 денари што е за 131 денар помалку од јуни. Во мај, кога почна трендот на намалување просекот беше највисок и изнесуваше 24.509 денари.
Најголемото намалување на платите е забележано во трговијата (3,8) и во преработувачката индустрија (2,1). Токму тука се исплаќаат и најниските просечни плати. 15.057 е просекот на работниците во кожартвото, а 15.593 во производствто на облека. Убедливо најниските плати во јули од 13.128 денари биле исплатени во заштитините и истражните дејности односно кај лицата кои работат во обезбедување.
Експерите велат дека намалувањето од близу 500 денари за три месеци не треба да загрижува затоа што е од сезонски карактер. Во летните месеци, просечната плата редовно се намалува, но на годишно ниво бележи раст од 6,2%.
Ова го потврдуваат и од МФ, од таму велат дека „Растот на прсечната плата во најголем дел се должи на покачувањето на минималецот лани во септември. Владата и приватниот сектор мора заедно да го поддржат овој тренд на раст на платите. Тоа е единствен начин да се подобри животниот стандард бидејќи најголем дел од граѓаните живеат од својот труд и немаат други приходи“.