Во јануари е исплатена просечна плата од 43.05 денари. За 8,9 проценти повисока во споредба со минатогодишниот јануари. Ова е нето-износот, додека бруто е 64.697 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.
Зголемувањето е засновано на движењата забележани кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во три сектори. Во Уметност, забава и рекреација просечната плата е повисока за 15,6 насто и е на ниво од 43.927 денари. Просекот во Административни и помошни услужни дејности е 34.045 денари (+ 12%), додека просечната плата во Образование се зголемила за 11,4 проценти и е 42.936 денари.
Во други три сектори, пак, има месечно намалување на просекот. Се работи за Градежништвото со минус 6,6 отсто и просечно исплатени 38.435 денари, за Преработувачката индустрија (-5,4%) каде што е 37.021 денар и за Финансиските дејности и дејностите на осигурување чиј просек е намален за 4,5 проценти и изнесува 57.903 денари.
Најниската просечна плата од 30.932 денари во јануари е исплатена во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Најголемиот просек го има во Информации и комуникации – 80.215 денари.