Просечната плата (бруто) пресметана за октомври 2024 година изнесува 136.173 динари, додека просечната нето плата изнесува 98.538 динари(842 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-октомври 2024 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,4 отсто, а реално 9,3 отсто, соопшти РЗС.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за октомври 2024 година е номинално повисока за 13,7%, а реално за 8,8%, додека просечната нето плата е номинално повисока за 13,6%, односно реална за 8,7%.

Медијалната нето заработка за октомври 2024 година изнесува 76.895 динари(657 евра), што значи дека 50% од вработените оствариле заработка до наведената сума.