Просечната нето плата во Загреб во третиот квартал од 2024 година изнесува 1.525 евра и е зголемена за 13,6 отсто во однос на истиот квартал лани, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (DZS).
Според извештаите, просечната нето плата на ниво на цела Хрватска во третиот квартал се зголемила за 14,5 отсто на годишно ниво на 1.320 евра, пренесува Јутарњи лист.
Државниот завод за статистика минатиот месец објави дека просечната септемвриска нето плата во Хрватска изнесува 1.322 евра, што е номинално пониска за 0,2 отсто, а реално за 0,6 отсто во однос на август.
На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 14,4 отсто, а реално за 12,6 отсто во однос на септември 2023 година.
Медијалната нето плата во Хрватска за септември изнесува 1.129 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.