Не би биле ние антички плебс, во Империјава на Сонцево, доколку не правиме епски шеми. 

Последниве тактички маневри, со кои државата го става здравјето на целата нација на коцка, дојде време и да ја пресметаме т.е. да ја квантифицираме во пари. Затоа да одиме со ред:

Откако се вратија нашиве емисари од посетата на данајскиот тројански коњ од источната страна, дојде и веста дека бугарите ќе ни подареле вакцини за коронавирусот, доколку им останат. Последно што паметам овие артефакти на сталинизмост и рекликвии од меката еротика до тврдото порно, што ни подариле, беа еден куп нефункционални тенкови кои никојпат државата не ги искористи, но ги искористи во финансиско-криминални донамби моменталниов наш „специјален преговарач“- неосудениот криминалец со професорска голема катедра и уште поголеми уши и нос. Но тоа сега не е темата. Темата е : дајте луѓе да направиме математика колку чини ова наше просјачење кај најголемите просјаци во Европа и според Еуростат најсиромашната земја во ЕУ. За колку пари уствари ние молиме и просјачиме кај овие несреќи кои, барем јас, за разлика од голем дел од лоботомирани сограѓани, ги памтам од времето на дфки, чорапогашти и чрвени, и немам баш некое високо мислење за нив….

Математиката оди вака: 1 вакцина од Фајзер ( да речеме дека е најскапа – но јас сепак би ја одбрал руската доколку има можност ) чини 35 евра. Доколку на нашата земја и треба за првиот бран имунизација, да речеме 500.000 дози тоа би не чинело : 500.000 дози Х 35 евра = 17.500.000 евра или 17,5 милиони евра. За да имаме со што да споредеме, го издвоив најнепродуктивниот дел на општеството, сидрото кое не влече надолу и не дозволува раст и развој на земјата, а тоа е – се разбира преобемната јавна администрација. Според последните официјални податоци вакви слепци-трутови што моментално ги товиме се 143.184. Според мене овој број е и повисок, но хејјј..не би биле ние античка вукојебина доколку имавме точна цифра на трутовите кои ги товиме.

Продолжуваме со математиката: Доколку еден административен трут зема плата просечно до 500 евра – нето, тоа бруто би не чинело 750 евра месечно. Сега, доколку овие 17.5 милиони евра кои ни се потребни за вакцината ги поделиме со износот на бруто платата за секој трут добиваме: 17.500.000 / 750 = 23.333 вработени. Значи, бруто платата на 23.333 трутови – САМО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ – не чини првична имунизација на населението. И сега доколку сакаме да видиме колку е тоа процентуално, вкупниот број на трутови да го ставиме во сооднос со овие 23.333 трутови кои се опфатени во анализава ќе го добиеме следново: 23.333 / 143.184 =  16,29 %.

Значи, првичната вакцинација чини 1 бруто плата од помалку од една петтина од вкупниот број на трутови кои ги тови античкава држава. Со оглед дека вишок е над 60% од администрацијата, овие 16,3% не се ни воопшто страшни. Значи со само едно мало кратење на трутовите, многу работи ќе се осветлат. Ево за почеток, не ќе мораат античките емисари да коленичат кај најголемите просјаци во Европа, како пример.

И многу други работи ќе се осветлат со елиминацијата на трутови. Но, сепак трутовите носат гласови, а гласот власт, а власта сласт… Епа бидејќи сте научени на власт и сласт, лижете просјачки гзови за минорни глупости. Со тоа, ние сме поголеми простаци и просјаци и од нив. Кога ние не знаеме еден прост калем да направиме, да пресметаме и да се консолидираме- продолжете да лижете и газови и предници.

Сиромаштијата е состојба на духот… Ние сме на ова дереџе бидејќи тие што не водат не знаат и не сакаат една обична пресметка и една обична реформа да направат… Што да правиш, се навлекоа на благо, па вкусно им е гзолижението…. тоа е….

 

Наум Димитровски