Конфередерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15. Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
“Знаеме дека во јавната администрација веќе почнаа да се прават трансфер листи. Ние како синдикати не сме информирани за правењето на тие трансфер листи. Тоа се прави задкулисно, одредена група луѓе во одредени институции ги прават. Ние кажавме дека жестоко ќе се спротивставиме на тоа, затоа што треба прво да се донесат одредени законски решенија и начинот на кој треба тоа да се изведе ! ”, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.
СОНК обвини дека се вршел притисок врз вработени во училиштата во Прилеп да не излезат на денешниот протест, а на наставниците има се закажувале задолжителни активности. Во Прилеп за една година, според нив, на улица останале илјада наставници. Протестираа и вработените во културата кои побараа колективни договори. Конфедерацијата на слободни синдикати најави дека протестите ќе продолжат се додека Владата не ги слушне нивните барања.