Членови на конфедерацијата на слободни синдикати и синдикатот за образование, наука и култура од Куманово и соседните градови, вчера, мирно протестираа на градскиот плоштад во Куманово, барајќи зголемување на платите, за истиот процент за кој е зголемена и минималната плата, исплата на К-15 во јавнит сектор, почитување на законските одреби, на социјалниот дијалог и на законите и колективните договори.
“Не само што ќе влеземе во генерален штрајк, туку и ќе почнеме со судски процеси со кои ќе ги гониме надлежните институции кои ги прекршиле законите”, рече претседателот на КСС, Благоја Ралковски.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков им се заблагодари на присутните за учеството на протестот и покрај тековните претседателски избори и како што рече притисоците од одредени директори на некои институции. Тој рече дека и во април не се реализирало ветувањето за зголемување на платите на вработените во градинките.