Вработените во судската администрација утринава излегоа на протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје.
Тие протестираат откако им било кажано дека за нив не е предвидено поголемо покачување на платите од 10 проценти.
Претставници на синдикатите за судска администрација вчера во изјава за медиумите за време на протестите пред Министерство за финансии истакнаа дека сега бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници.