Грција ја постави првата блокада на патот на Албанија кон ЕУ. Грција не се согласи со писмото на 27 земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија, пишува Катимерини. Можна причина за ова е затворањето на градоначалникот на Химара кој е етнички Грк по што Атина обвини дека неговите права се кршат.

Според Катимерини, ваквиот развој на настаните претставува разделба на Македонија и Албанија на заедничкиот европски пат.

 

 

Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија, се потенцира во текстот на Катимерини. Грција инсистира Белери да добие шанса за заклетва за градоначалник, барање кое албанските судови досега го одбиваа. На 22 овој месец е следното рочиште на кое ќе му се суди за купување на гласови. Случајот е нотиран и во извештајот на европската комисија како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.