Денес воо клубот на пратеници ќе се одржи првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Макдонија и Бугарија.
Седницата на Бугарско-македонската комисија за економска соработка се одвива само два месеци по најголемиот бизнис форум меѓу двете земји, кој собра 100 бугарски и македонски фирми во Скопје. Со форумот претседава бугарскиот министер за транспорт Росен Жељазков и министерот за економија Крешник Бектеши.
Двајцата министри се очекува да потпишат протокол од Првото заседание на Меѓувладината комисија, како и Меморандум за разбирање помеѓу Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија на Бугарија и Агенцијата за промоција на предпримништвото на Северна Македонија.