Првата европска фабрика за производство на Тесла ќе биде во Берлин, објави извршниот директор Елон Муск.

Се верува дека компанијата за електрични автомобили ќе ги гради своите возила Model 3 и Model Y на местото во близина на предложениот нов аеродром, според „Фајненшал тајмс“, при што ќе се создаде и „Инженерско-дизајнерски центар“. Компанијата со седиште во Калифорнија ќе се соочи со силна конкуренција од германскиот „Фолксваген“, кој планира да произведе 22 милиони електрични возила во наредните 10 години, откако ќе стапат во сила новите регулативи за емисија јаглерод во ЕУ од следната година.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк