PwC и Македонска берза организираат стартап конференција Pitch.Match.Grow. што ќе се одржи на 26 и 27 февруари, во хотел Мериот, Скопје. Учесниците ќе може да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на проекти/идеи/стартапи. Кој сака да дознае повеќе за најновите можности за финансирање што ги нудат инвеститорите или да добие инспирација од стартапи што веќе го направиле тој чекор, може да аплицира на следниот линк: https://bit.ly/36Yrxbu.

Од страна на стартапите на конференцијата своите искуства ќе ги споделат Notarised; Pixely; Paket.mk; Cognism; H4; Elevate Global, додека од редот на инвеститорите можностите за финансирање ќе ги претстават UKIM Accelerator; SEEU Tech Park, SC Ventures; EBRD; FITR; CEED Macedonia Business Angels Club; SEAVUSи SEAF.

За агендата на конференцијата и повеќе детали за истата може да добиете на следниов линк: https://www.pwc.com/mk/en/news/pitch-match-grow.html.