Клучните наоди од првиот мониторинг извештај за корупцијата во Република Македонија денеска на прес-конференција во Скопје ќе презентира Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот.

 

 

Извештајот ја опфаќа состојбата со корупцијата и транспарентноста во македонското општество, во периодот јануари – април 2018 година и претставува почетна основа за континуираното набљудување во наредните три години.

На прес-конференцијата што се организира во рамки на проектот: „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“, финансиски поддржан од Европската Унија, ќе говорат директорката на ТМ, Ана Јаневска и експертката Вања Михајлова.