Во Германија има недостиг на јајца бидејќи поради птичји грип е уништена голем број живина, а за обновување на живинарските фарми ќе бидат потребни најмалку седум до осум месеци, пишува „Билд“.
Весникот наведува дека моментално побарувачката далеку ја надминува понудата на јајца на пазарот и покрај високите цени.
Генералниот директор на Централната асоцијација на германската живинарска индустрија Волфганг Шлајхер изјави дека во моментов се уништува живина на неколку фарми во Германија поради инфекција од птичји грип, пренесува Танјуг.
Шлајхер истакна дека, според последните научни сознанија, јајцата се „суперхрана“, а не фактор на ризик за холестерол.
Недостиг на јајца има и во САД и Австралија, исто така поради птичјиот грип.