Русија би можела да се согласи нејзините замрзнати средства да се користат за реконструкција на Украина. Како што ексклузивно дознава британски „Ројтерс“, Руската Федерација би можела да дозволи нејзините замрзнати средства во Европа, во вредност од околу 300 милијарди долари, да се користат за обнова на Украина по завршувањето на војната.
Сепак, Москва не би се согласила да ја искористи целата сума за Украина, туку само дел од неа.
Оваа информација за Ројтерс ја потврдија три анонимни извори. Тие потврдија дека Русија може да го направи тоа како дел од евентуалниот мировен договор.
Во Ријад, Саудиска Арабија се одржа првата рунда од мировните преговори за ставање крај на војната во Украина меѓу американската и руската делегација. Украина во моментов е исклучена од преговорите, како и Европа.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го навреди Володимир Зеленски на својата социјална мрежа „Вистина“. Тој го нарече „диктатор, лош актер и државник кој ја губи својата земја“.