Голем дел од граѓаните ги купуваат само основните работи што им се потребни, велат дека е криза и мора да се штеди. Велат дека се исплашени од високиот број на заразени и поретко ги посетуваат продавниците за гардероба. Оние, пак, што работат од дома велат дека не им треба нова гардероба и чевли. Дека луѓето сè помалку купуваат покажа и минатиот „Викенд без ДДВ“ во кој и покрај тоа што имаше до 18 отсто поврат на ДДВ, се купуваа само основни работи, но не и луксузна роба, брендови…
Моловите и продавниците низ градот сè речиси празни. Голем дел од граѓаните ги купуваат само основните работи што им се потребни, велат дека е криза и мора да се штеди. Поради пандемијата дел останаа беа работа, а на некои им се намалија платите, па затоа не можат да си дозволат некои од работите кои порано ги купувале, брендирана облека, луксузни производи…. Оние, пак, што работат од дома велат дека не им треба нова гардероба, бидејќи не одат никаде и нема каде да ја носат.
Дека луѓето сè помалку купуваат покажа и минатиот „Викенд без ДДВ“ во кој и покрај тоа што имаше до 18 отсто поврат на ДДВ, купуваа само работи што им требаат. Велат со ниски плати и пензии не можат да си дозволат да купуваат брендирана гардероба и луксузни производи.
-Пандемијата нè научи да бидеме поголеми домаќини и да штедиме. Порано кога ќе влезев во продавница купував некои производи кои не ми беа неопходни, велев нека има ќе се најде, а сега не. Одам со список и ги купувам само тие намирници кои се на списокот, вели Зорица, пензионерка од Скопје.
Слична е ситуацијата и во бутиците и моловите. Обично пред почеток на нова сезона се купува нова гардероба, чевли, чанти…, но оваа есен не е така. Некои од граѓаните се исплашија од високиот број на заразени и поретко ги посетуваат продавниците за гардероба. Велат дека и онака работат од дома, па не им треба нова гардероба.
-Секоја есен си купував по неколку парчиња нова облека и чевли, но оваа есен ќе поминам со старите. И онака не одам на работа, а поради големиот број заразени нема ниту желба да шетам по продавници и да купувам како порано. И за децата помалку купувам, бидејќи не одат на училиште и не им требаат по два пара патики, нови тренерки, јакни…, вели Сања од Скопје.
И сопствениците на бутиците се жалат дека откако почна короната прометот многу им опаднал. Велат дека летото имале малку промет, но сега пак е многу слабо.
-Откако почна короната многу ми опадна прометот. Претходно имав многу работа бидејќи носев гардероба од Грција, Турција… Но сега границите се затворени и не можам да отидам и сама да одберам тоа што ми се троши, туку порачувам од интернет. Не е до луѓето, криза е нема пари и купуваат само за јадење. Летото тргна малку работата, но сега пак е многу слабо, човек не влегува во дуќан. Јас 20 години работам во трговија, но вака никогаш не било, вели сопственичка на бутик во една скопска населба.
Пандемијата им направи големи штети и на другите мали бизниси, фризерници, салони за убавина и други занаетчии кои, и покрај владините мерки за помош, едвај преживуваат.
Извор: Вечер.мк