Луѓето кои работат од девет наутро до пет часот попладне се помалку склони кон депресија од оние кои работат во втора смена и во ноќни смени, покажува британска студија.

Жените се особено чувствителни на работата во смени, пренесува Американскиот здравствен журнал.

Истражувачите детално ги испитале податоците од седум претходни студии за врската помеѓу работното време и менталното здравје, во кои биле вклучени повеќе од 28.000 луѓе.

Меѓу „работниците во смена“, тие биле со 28% поголема веројатност да доживеат некаков вид на проблеми со менталното здравје отколку оние со полно работно време – од 9 до 17 часот.

Работата во смени го менува биоритамот, односно нормалниот биолошки циклус на сон и будност што реагира на промените на денот и ноќта, објаснуваат научниците.

Ова нарушување ги прави луѓето нерасположени и раздразливи и доведува до социјална изолација затоа што нивното работно време не одговара на останатите од семејството и пријателите.

Студијата покажува дека кај работниците кои работат само ноќе, веројатноста за развој на депресија е 33 проценти поголема од луѓето кои работат редовно преку ден.

Резултатите од студијата сугерираат дека работниците и работодавачите треба да бидат свесни за потенцијалните последици од сменското работење врз менталното здравје на работниците, се вели во студијата.

Човечкиот мозок е програмиран да спие ноќе, кога нема дневна светлина, да се опорави од сите информации што ги обработува во текот на денот, објаснуваат научниците.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк