Македонската развојна фондација за претпријатија Ве поканува да учествувате на онлајн работилница наменета за сите што имаат иновативна бизнис идеја за производ или услуга и сакаат да аплицираат на EIT Jumpstarter (https://eitjumpstarter.eu/) за 2022 година. Работилницата има за цел да Ве запознае со EIT Jumpstarter – една од најпознатите и најголемите европски пред-акцелераторски програми која нуди пристап до европската старт-ап заедница и освојување на парични награди до 10.000 евра.
Работилницата ќе се одржи на 31.03.2022 г. од 11:00 до 14:00 часот, онлајн, на платформата ЗУМ.
———————————————————————
✅ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА: https://bit.ly/Jumpstarter2022 ✅
———————————————————————
На работилницата ќе имате можност да се запознаете со условите за аплицирање и придобивките кои ги нуди програмата, а во интерактивниот дел ќе имате можност да поминете низ чекорите за апликација, да дознаете како да подготвите соодветна апликација, да ја презентирате Вашата бизнис идеја и да добиете насоки од нашите соработници.
Работилницата е наменета за:
💡 Носителите на иновативна бизнис идеја кои размислуваат да формираат и развијат старт-ап компанија,
💡 Сите заинтересирани за EIT Jumpstarter програмата за 2022 година, кои сакаат да се запознаат со можностите кои таа ги нуди, начинот на аплицирање и сакаат да ја проверат соодветноста на нивната бизнис идеја преку учество во интерактивна работилница,
💡 Индивидуалци, иноватори, проектни тимови, научници, студенти, докторанди, магистри кои сакаат да ги поместат постоечките пазари во секторот: производство, здравство, агри-фуд, суровини, енергија, урбана мобилност или новиот европски баухаус.
За EIT Jumpstarter:
EIT Jumpstarter е многу селективна, конкурентна европска програма. Учеството во неа, ги отвора вратите кон европските пазари и ги поврзува најдобрите тимови со шесте големи индустриски партнери на EIT Заедниците како што се GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico и Maspex, меѓу другите. Успешните апликанти ќе имаат можност да учествуваат во 8-месечна пред-акцелераторска програма заедно со старт-апи од цела Европа, да го пронајдат и потврдат најдобриот бизнис модел за нивната иновативна идеја. Курсевите се засноваат на lean start-up методологијата од Силиконската долина преведена во европската средина. Во текот на програмата предвидена е поддршка за патување и сместување, а најдобрите тимови во секоја категорија ќе имаат шанса да освојат парична награда од 10.000 евра.
Повеќе за EIT Jumpstarer 2022 можете да најдете на:

Why EIT Jumpstarter?


https://www.mrfp.org.mk/…/289-eit-jumpstarter-2022.html
Македонската развојна фондација за претпријатија е локален партнер на EIT Jumpstarter програмата за 2022 година.