Германија од 1-ви јануари воведува нов закон за корпоративна одговорност. Ќе ги опфати и добавувачите на тамошните компании, коишто мора да ги почитуваат работничките права и стандардите. Ќе бидат засегнати и многу македонски фирми, особено од текстилниот сектор каде 70 проценти од пласманот завршува на германскиот пазар, но и електро и металопреработувачката индустрија…

Германски закон ќе ги штити работничките права во земјава. Од 1-ви јануари, Берлин воведува нови правила за заштита на вработените. Законот за корпоративна одговорност ќе важи и за добавувачите од други земји кои работат за оваа држава. Најголема конекција со Германија, кај нас има текстилната индустрија, каде што Сојузната држава е 70% партнер. Целта е да има задоволни работници, оти само така ќе има и квалитетни производи.

Непочитувањето на Законот за корпоративна одговорност ќе значи прекин на соработката и губење на германскиот партнер. Домашните компании ќе мора да се прилагодат на барањата на клиентот за да не изгубат од колачот.

На работилница се разговараше за очекувањата на работодавците, германскиот закон и можните слабости на домашните компании.