Работничките права се прекршуваат на секој чекор. Тешко е и јавно да се говори за овој горлив и долгогодишен проблем. Преку проект во земјава за пристојна работа за жените работнички треба да се надминат аномалиите. Дел работнички немаат доверба во системот дека може да им помогне. Реалните состојби се загрижувачки…

Работничка во прилепска текстилна индустрија се повредила на работното место поради застарена опрема. Не може да ги оствари своите права, а нема доверба во инспекциските служби, ниту во фабриката.

За четири месеци во Пелагонискиот регион повеќе од 20 жени-работнички, се пожалиле за прекршувањето на нивните работнички права. Нејасни договори за работа, прекршени права, немање можност за пристојна работа се дел од нарушените права на жените работнички во земјава.

Во земјава се спроведува проект за пристојна работа за жени работнички-социјално учество и зајакнување.