„Гехалт ин Дојчланд“ е име на профил на Инстаграм, ТикТок и Јутјуб каде работниците ги објавуваат своите своите плати и слични лични примања.
Профилот не ги прикажува имињата на лицата кои ги објавуваат списоците за плати, но видливи се други информации: основна плата, нето плата, прекувремена работа, бонуси и слично. Застапени се многу професии, од ѕидари до наставници, па дури и деловни консултанти.
Во Германија не е забрането да се зборува за платите, а за разлика од многу општества, таквите разговори често не претставуваат табу тема.
„Би било особено добро за жените ако поотворено се разговара за платите. Статистички гледано, тие сепак заработуваат седум проценти помалку од мажите кои работат со полно работно време. Ако знам колку заработува некој друг што ја работи истата работа, се разбира, можам подобро да преговарам“, вели финансискиот експерт Сузан Алтоф на РТЛ. „Спротивно на она што многу луѓе во Германија мислат, не е законски забрането да се зборува за плата. Многу клаузули за доверливост во договорите се неефикасни“, продолжува Алтоф.
Работодавачот може да го забрани ова само ако може да оправда легитимен интерес. Според Законот за транспарентност на платите, од работодавачите се бара дури и да објават колку заработуваат споредливите колеги во компанијата. Сепак, вработените мора активно да го бараат тоа. „Затоа оваа опција ретко се користи“, вели Алтоф.