Бизнис секторот со сериозни забелешки околу предлог измените во Законот за работни односи кој е во собраниска процедура. 

Се согласуваат дека нов закон треба да има, но дека одредени измени во него дополнително ќе ја влошат и онака тешката состојба во која се наоѓаат фирмите, а тоа ќе се одрази и на вработените.

За бизнсиот е неприфатлив предлогот, крајниот рок за исплата на платите наместо до 15 да биде од 5 во месецот , особено не сега во време на ваква криза.

Забелешки имаат и околу тоа, договорите на определено  наместо на 5 години да бидат 6 месеци. Сметаат дека тој рок не треба да биде пократок од 3 години.

Од Стопанската комора веќе испратија и барање до претседателот на Собранието Џафери, законските измени да не бидат усвоени. Од комората сметаат дека законот за работни односи е комплексен закон и за негово дефинирање потребна е широка дебата, а не да се носи по скратена постапка. Повеќе детали најави за утре.

На новиот закон за работни односи почна да се работи  уште во 2018 година.