Иако увозот на работници од странство засега не ги дава очекуваните резултати и за дел од нив Македонија е начин да продолжат до европските држави. Овој процес не треба да запре, смета бизнис заедницата. Проблемот е ист во сите балкански држави, заради значително пониските плати кај нас во однос на европските…
Увозот на работна сила не смее да престане и покрај тоа што за дел од странските работници во најголем дел од Непал и Бангладеш, Македонија е транзитна дестинација до европските земји. Ова е ставот на работодавците кои очекуваат законски измени со кои ќе се поедностави постапката за увоз на работници.
Околу осум илјади работници од странство има во државата, главно во градежниот, угостителскиот и преработувачкиот сектор. Работодавците очекуваат постапката за увоз на работници да се поедностави и со едно барање странците аплицираат и за престој и за работна дозвола, за да се намали периодот од доаѓање на работникот овде до неговиот работен ангажман.
Синдикатите пак со апел, Владата да донесе мерки за да ги задржиме нашите работници.