Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот.

Во рангирањето се пресметуваат трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници и низа други параметри.

Во регионот најскапо е да се живее во Словенија, која е на 45 место, Хрватска на 59, Србија на 94, Босна и Херцеговина на 96, Албанија на 99 и Северна Македонија на 118 место.

Најскапи земји во светот за живот се Бермуди со индекс 146, потоа Швајцарија со индекс 123, па Норвешка со индекс 100. Листата на топ 20 најскапи земји изгледа вака:

Еве листа на 10 најевтини земји за живеење:

Кога станува збор за најскапите градови за живеење, на прво место е Хамилто на Бермудите, а потоа дури пет градови од Швајцарија: Цирих, Базел, Цуг, Лугано, Лозана. Листата на топ 20 најскапи градови во светот изгледа вака:

Регионот

Главниот град на Црна Гора е меѓу 417-те најскапи градови за живеење. Кога станува збор за државите од поранешна СФРЈ, Белград е на 413 место, Сараево на 431 место, Загреб на 353, Љубљана на 313, Скопје на 468 место.

Еве ја листата на 10 најевтини градови за живеење: