Цената на природниот гас во Европа денеска скокна за 7,7 проценти, на над 570 долари за 1.000 кубни метри во споредба со нивото на вчерашното затворање.

Ова го покажуваат податоците на Интерконтиненталната берза во Европа (ICE).

Цената на септемвриските термиски договори во холандскиот гасен центар TTF достигна 577,4 долари за 1.000 кубни метри или 48,05 евра за MWh, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува Тас с.

Претходно денеска беше објавено дека Гаспром резервирал 4,3 проценти од понудените капацитети за транзит на гас преку Украина, односно вкупно 19,5 милиони кубни метри, или 0,65 милиони кубни метри дневно.

На зголемувањето на цената на гасот влијаеше и веста за пожарот што се случи на 5 август во пречистителната станица на „Гаспром“ во автономниот регион Јамал-Ненец, која беше локализиран без повредени лица, пренесува SEEbiz.

Во тек е санација на последиците од пожарот и обнова на активностите во фабриката.

Транспортот на гас преку гасоводот Јамал-Европа изнесува околу 0,93 милиони кубни метри на час. Транспортот преку гасоводот Северен тек е на исто ниво како и досега. Гаспром експорт соопшти дека компанијата продолжува да ги исполнува сите барања во согласност со своите обврски кон европските потрошувачи.