На Македонската берза после објавувањето на полугодишниот извештај за работењето на Стопанска Банка А.Д. Битола, дојде до пораст на цената на акциите за 7,37 % со што порасна нивната цена на 2.222,00 денари.
Овој пораст на цената и зголемен интерес на инвеститорите кон овие акции, најверојатно, се должи на солидниот полугодишен извештај кој го објави Стопанска Банка АД Битола, каде може да се воочи пораст на скоро сите параметри во банката.
Стопанска Банка АД Битола, бележи стратегиски раст веќе неколку години со ред, зголемувајќи го своето портфолио на активата како и зголемување на дијапазонот на услуги и продукти кои ги нуди банката.
Берзата, секако, реагира на ваквиот начин на работење и позитивните резултати, што се согледува и од растот на акциите на банката кои котираат на берзата.
БанкоМетар.мк 31/08/2018