Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „рударство и вадење камен“ за 11 % и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 %, а пораст од 7,8 % секторот „преработувачка индустрија“.
Индустриското производство во октомври годинава во однос на октомври лани е зголемено за 4,2 %, додека во периодот јануари-октомври споредено со истиот период лани бележи пораст од 5,4 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „рударство и вадење камен“ за 11 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 %, а пораст од 7,8 % секторот „преработувачка индустрија“.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,2 %, „капитални производи“ за 12.5 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6,2 %, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 8,5 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,3 %.