Раст на извозот од 14,6 % од јануари до јули во споредба со истиот период лани,објави државаната статистика.
Извезени се стоки вредни 3,7 милијарди евра, додека пак за истиот период увозот изнесува 4,8 милијарди евра, што е раст за 12 отсто. Трговскиот дефицит за 7 месеци надминал над 1,1 милијара евра. Од земјава најмногу се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали, сетови на проводници за палење на возила, авиони или бродови, како и делови за седишта, или производи кои се произведуваат во зоните.
Речиси половина од вкупниот извоз, или над 1,8 милијарди евра завршува на германскиот пазар.. Најмногу се увезуваат платина и легури од платина, нафтени масла и метали од платинска група и нивни легури, односно најмногу се увезува од Велика Бритија, за потребите на Џонсон Мети.
Според обемот на размена, Македонија најмногу тргува, покрај Германија и Британија, и со Грција, Србија и Италија .
Неодамна статистиката објави раст и на индустриското производство од 4,9% до јули годинава. Власта е задоволна и смета дека економијата се движи во вистинска насока.
Подобри бројки, власта очекува до крајот на годината, за кога прогнозираат економијата до достигне раст од3,5%.