Очекувањата на потрошувачите во еврозоната и Европската унија се подобрија во јули благодарение на ублажувањето на инфлацијата и пониските трошоци за енергија, покажува извештајот на Европската комисија.
Индексот на очекувањата во еврозоната во јули е зголемен за еден поен во однос на јуни, на минус 15,1 поен, информираше Комисијата.
На ниво на Европската унија тој се зголеми за 1,1 поен, на минус 16,1 поен, покажа извештајот објавен во четвртокот.
Расположението на потрошувачите се уште е на ниско ниво, но полека закрепнува, паралелно со слабеењето на инфлацијата, која во јуни во еврозоната падна на 5,5 отсто и на 6,4 отсто во ЕУ, благодарение на поевтината енергија.
Храната, пак, повторно силно поскапе, за повеќе од девет отсто.
Во септември минатата година индексите се спуштија на најниско ниво откако Комисијата ги објавува извештаите, како одраз на стравувањата на граѓаните во двете области од поскапување на храната и енергијата на почетокот на зимата.