Од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, годинава кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,9% и 1,1%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,5% и 16,0%, соодветно, соопшти Народната банка.
„Овој месец, кај автомобилските кредити е евидентирана нагорна месечна и годишна промена од 1,3% и 2,2%, соодветно, додека кај кредитите одобрени на кредитни картички е остварен пад на месечна и годишна основа од 0,8% и 1,1%, соодветно.
Во февруари негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 1,1%, при годишен раст од 1,9%, додека кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 1,4%“, соопшти НБРМ.