Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст.
Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,08 проценти, а на вкупните депозити 1,17 проценти.
Зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и на месечно и на годишно ниво и тоа за 0,18 и 1,46 процентни поени, како и кај новопримените депозити за 0,19 и 1,58 процентни поени.
Кај корпоративниот сектор забележано е зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити. Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка бележи раст од 0,26 процентни поени на месечна основа и сега изнесува 5,53 проценти.
Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останува непроменета во однос на претходниот месец, а кај новоодобрените кредити има зголемување од 0,03 процентни поени и изнесува 5,26 проценти.