Раст во првиот квартал во поголем број економски сектори. Во позитива се земјоделството, преработувачката индустрија и услужните дејности, покажува Анализата на економски резултати. Земјоделството бележи раст од 7%, преработувачката индустрија 6%, а кај услужните дејности порастот изнесува 10%.
Во секторот градежништво, за што сèуште не се објавени официјалните податоци, од Владата информираат дека очекуваат раст кај високоградбата. Но, нискоградбата, велат, ќе се соочи со пад од речиси 40%.
Приходите во првите четири месеци годинава, споредено со истиот период лани се зголемени за 4,6%. Податоците од анализата покажуваат дека во буџетот се слеале за 7,2% повеќе приходи од даноци, а за 6% повеќе по основ исплатени придонеси.
Претходно, податоците од Државниот завод за статистика потврдија дека извозот во периодот јануари-април е зголемен за 14,3%.