Како што јави германската агенција ДПА, во 2018 година во Германија имало просечно 818.400 долгорочно невработени лица, од кои околу 187.000 или 23 отсто немале германски пасош.

Минатата година во просек имало нешто помалку од 972.000 долгорочно невработени, од кои 33 отсто биле странци или околу 317.000 лица.

Според Социјалниот законик (SGB III, Дел 18), долгорочно невработени лица се лица кои биле невработени непрекинато една година или повеќе.

„Зголемувањето покажува дека интеграцијата на пазарот на трудот во многу случаи не функционира, истакна членот на Бундестагот на АфД“, Рене Спрингер.

„Наместо да се залага за уште подобра имиграција, конечно мора да се промовира потенцијалот на домашната работна сила и особено да се инвестира во квалификации“, рече Спрингер.

Повеќе од половина милион луѓе во Германија се невработени повеќе од две години. Според податоците, од околу 972.000 долгорочно невработени во Германија минатата година, околу 533.000 луѓе биле невработени најмалку две години или подолго, а 260.000 луѓе повеќе од четири години.

Според извештајот, повеќе од милион луѓе се сметаат за долгорочно невработени во февруари годинава, од кои околу 685.000 биле Германци, а 333.000 странци.