Цените на златото и среброто растат, покажуваат податоците од берза.
Цената на златото на берзите пораснала за 7,2 отсто и достигна 1679,7 долари за унца. И среброто исто така поскапува. Вредноста на овој метал порасна за 6,8 проценти и достигна 14,6 долари за унца.
Меѓутоа, најголемата побарувачка е за пладиум чија цена порасна за дури 20 отсто и достигна 1869,9, пренесуваат светските медиуми.
Веќе некое време се забележува раст на скапоцените метали.
Како што расте стравот од коронавирусот така расте и цената на златото која на почетокот на месецот достигна цена од дури 1.700 долари за унца за првпат од крајот на 2012 година.