Цените на златото се зголемија во понеделникот, како резултат на зголемените тензии на Блискиот Исток и послабите финансиски пазари. Посилниот долар, сепак, го ограничи профитот на “жолтиот метал”.
Цената на златото се зголеми за 0,2% до 1427,88 долари. Металот достигна највисока вредност од 1 452,60 долари на крајот од минатата недела, ниво кое не беше достигнато од мај 2013 година.
“Што се случило меѓу Иран и Велика Британија во текот на викендот денес ја поддржува цената на златото”, рече Брајан Лан, извршен директор на GoldSilver Central во Сингапур.
„Во овој момент на геополитички тензии, и пред Банката на федерални резерви да ги намалат каматните стапки, златото изгледа привлечно”, рече Лан.
Единствениот фактор што ги загрозува инвеститорите е силниот долар, според набљудувачите на пазарот.
Иранската револуционерна гарда објави дека запленила британски танкер за нафта во Персискиот Залив откако Британија заплени ирански брод претходно овој месец, зголемувајќи ги тензиите околу виталниот меѓународен нафтен пат.
Волстрит џурнал објави дека Банката на федерални резерви најверојатно ќе ги намали каматните стапки за 25 базични поени кога ќе се состане подоцна овој месец и може да направи понатамошни намалувања во иднина, со оглед на глобалниот раст и трговската несигурност.
“Геополитичките ризици од Заливот би можеле да обезбедат одредена поддршка за жолтиот метал, но следниот голем потег веројатно ќе биде ако Банката на федерални резерви е доволно поволна за пазарот”, рече Едвард Моја, висок аналитичар на пазарот во Оанда.
Златните резерви на SPDR Gold Trust – најголемиот осигурен берзански индексен фонд врз основа на цената на златото, во петокот се зголемија за 0,72% на 820,49 тони.
Меѓу другите благородни метали, среброто се зголеми за 1% на 16,37 долари за унца, а платина додаде 0,9% на 850,97 за унца. Најслаб е порастот на паладиумот – од 0,8% до 1 517 долари за унца.