Потрошувачката на безалкохолно пиво во европските земји достигнува 4,4%. Со годишна потрошувачка од 36 милијарди литри, 1,6 милијарди се безалкохолни, а трендот е да се диверзифицираат стиловите на овие производи. Ова го објави годишниот Форум на пивари на Европа, кој обединува 30 национални здруженија, објави Бугарскиот сојуз на пивари.
Производителите побараа од институциите и новите европратеници стимулации за пошироко производство на безалкохолни и нискоалкохолни пива.
Производството и продажбата на пиво во земјите на ЕУ обезбедуваат вработување за 2 милиони луѓе, а секое работно место во пивара создава 15 дополнителни работни места во трговијата и туризмот. Додадената вредност на индустријата надминува 50 милијарди евра, се вели во пораката од форумот.