Извозот на железо и челик минатата година бележи зголемување, за разлика од драстичниот пад кој го имаше во 2016 година.
Според податоците на Народна банка покажуваат дека во 2017 година од Македонија се извезени железо и челик во вкупна вредност од 435,6 милиони евра што е за 23,7 милиони евра повеќе споредено со извозот 2016 година.
Покрај извозот расте и увозот на железо и челик и минатата година достигнал 373,5 милиони евра,што е 56,6 повеќе од увозот во 2016 година.