80% ориз од годинашната реколта и 50% од минатогодишната реколта стои во амбарите.  И покрај тоа што ресорниот министер вчера најави стабилизирање на состојбата со откуп на оризот за стокови резерви, сепак прозводителите на „белото злато“ се незадоволни и велат дека долговите за наплата стоат, но стои и оризот во амбарите.

И претседателот на Националната Земјоделска мрежа, Ѓорѓи Каракашев смета дека ваквата ситуација не оди во прилог никому.

Владината мерка за субвенционирање на откупувачите за сега не дава резултати, а ниската откупна цена според оризарите се должи и на увезениот поевтин ориз од земјите на далечниот Исток.