Цените на нафтата благо паднаа, под притисок од неочекувано силниот раст на залихите во САД, со што поново се пренасочи фокусот на вишокот на понудата.
На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 25 центи во однос на претходното затворање на 41,54 $. На американскиот пазар нафтата се тргува за 33 центи пониска цена, од 41,12 $.
Американскиот институт за нафта (API), во извештајот наведува дека комерцијалните залихи на сурова нафта минатата недела скокнаа за 8,8 милиони барели, три пати повеќе отколку што се очекуваше. Податоците повторно го свртеа вниманието на прекумерната понуда.
Трговските куќи Vitol, Gunvor и Glencor се уште шпекулираат дека вишокот на понудата на пазарот ќе трае најмалку уште две години.
Значителниот пад на цените е парализиран од преговорите за ограничување на производството, како и пречките во снабдувањето од Нигерија и Ирак.