(Ројтерс) – Разводот на основачот на Амазон, Џеф Безос од неговата сопруга, после 25 години брак, Мекензи Безос, во петокот беше завршен од судијата во Сиетл, отворајќи го патот за таа да добие 38,3 милијарди долари во акции од Амазон, јавува Блумберг.

Во април Амазон, најголемиот светски малопродажен интернет гигант, изјави дека 4% од нивните приоритетни акции или 19,7 милиони акции ќе бидат регистрирани во името на Мекензи Безос, откако ќе биде одобрено со судскиот развод.

Двојката го објави својот план за развод во заедничката изјава на Твитер во јануари, предизвикувајќи загрижености дека Џеф Безос би можел да заврши со намалена гласачка моќ во Амазон или дека тој или Мекензи ќе бидат отстранети од високи позиции во компанијата.

Тој задржува 12 отсто од акциите во вредност од 114,8 милијарди долари и останува најбогат човек во светот, изјави Блумберг. Мекензи Безос рече дека ќе му даде контрола врз гласањето на нејзините акции.

МекКензи во мај вети дека ќе даде половина од своето богатство во добротворни цели за да се приклучи во “Giving Pledge”, кампањата што ја покрена милијардерот Ворен Бафет и ко-основачот на Microsoft Corp  Бил Гејтс во 2010 година.