100 милиони евра за општините со ребалансот на буџетот за годинава, 250 со новиот буџет. за 2025 година. Тој се очекува да влезе идната недела во Собрание и да се изгласа до август, велат за ТВ 24 собраниски избори, а повик до општините да има во септември.
Според информациите на ТВ 24, со ребалансот ќе има пари предвидени за првиот дел од покачувањето на пензиите што го најави премиерот Христијан Мицкоски, а ќе има и пари со кои како што велат ќе фунционираат новите министерства, но не откривата колку.
Според истите извори, најмногу пари ќе се скратат од стапката „разни трансфери“ , но ќе има и префрлање пари од капиталните инвестции, кои останале нереализирани. Ребалансот е при крај, најавија и од владата.