Се подготвува ребаланс на Буџетот. Причината за прекројување на државната каса се направените заштеди од 25 милиони евра. Овие пари, кои јавните претпријатија ги заштедиле од почетокот на годинава, ќе се пренаменат за капитални проекти.

Јавните претпијатија оствариле резерва и добивка,и тоa:

  • Биро за меторологија седум милиони евра
  • Пет милиони има во Службен весник
  • Деловен простор имаме четири милиони евра
  • 3,7 милиони евра дивиденда нераспределена од 2016 годинa

Сите ќе ги канализираме во овие капитални проекции и тука ќе имаме потреба од ребаланс“, изјави премиерот на РМ.

Но, со ребалансот на Буџетот, Владата не планира да ја намали проекцијата за раст на економијата од 3,2%, иако ММФ и Светска банка ги намалија своите прогнози.

„Верувам дека ако успееме да реализираме 65 отсто од тоа што сме испланирале, верувам дека ќе постигнеме 3,2%. Знаете, мојата амбиција е 4 насто, може Македонија да постигне“, додава премиерот.

Според премиерот, слабата реализација на капиталните инвестиции од почетокот на годината се должи на стагнацијата карактеристична за зимскиот период. Растот на економијата во втората половина од годината го потпира на капиталните проекти.

 

Меѓу нив се инвестицијата од 200 милиони евра за изградба на комплексот кај Скопски Саем, инвестицијата од 150 до 200 милиони евра на Лимак, финализацијата на постапките за изграба на хидроцентралите Чебрен и Градиште од 220 милиони евра и проектите во патната и железничка инфраструктура. Програмската цел на Владата, според Заев, е раст на македонската економија од 5 насто до крајот на мандатот.

Извор: Алсат