Ребалансот на буџетот најверојатно во мај или јуни ќе се најде во собраниска процедура, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на економски форум во Скопје.

На нула ќе бидат сведени трошоците за мебел и возила на државните институции, но не кажува каде ќе се пренаменат.

Гувернерката на Народната банка пак, Анита Бежоска ангеловска порачува, инфлацијата и трендот на поскапувања ќе продолжи и во следниот период и затоа Народната банка презема чекор за зголемување на каматната стапка.