Народната банка на 09 мај 2018 година спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,00%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 24.803 милиони денари, односно 197 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 јуни 2018 година.