Националната федерација на фармери (НФФ) денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) ќе одржи редовна седница на Годишното собрание.
На седницата ќе се разгледуваат и усвојуваат активностите за тековната година и четиригодишната стратегија на организацијата, а ќе бидат презентирани и проекти за развој на земјоделството и родовата еднаквост.
Во официјалниот дел се предвидени обраќања на претседателката на Федерацијата, Васка Мојсовска, на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на деканот на ФЗНХ, Вјекослав Танасковиќ, како и на регионалниот директор на WE Effect за Европа, Анели Лејна.