Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“ денес и утре се одржува во хотелот „Арка“.
Целта е да да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20 кои се однесува на претпријатијата и индустриската политика.
На отворањето на Форумот, Фејк Јанмат од Делегацијата на ЕУ во Скопје истакна дека имплементацијата на препораките од поглавје 20 во нашата држава се во напредна фаза.
– Има добри резултати во спроведувањето на Законот за мали и средни претпријатија (МПС), ги следиме политиките на Владата за помош на МПС, индустриска политика. Индустријата е во срцето на приватниот сектор мотор за инвестиции, двигател на развојот и извозот. Преку неа во ЕУ се отвораат 36 милиони работни мести. Но време е на нова индустриска револуција во која спаѓаат технолошкиот развој, вештачка интелигенција, роботика. На европскиот пазар недостастуваат ИТ вештините – вели Јанмат.
Роберт Блажиновиќ, од хрватското Министерство за економија, објасни дека реформите се долг и тежок процес, но на крајот се исплатуваат. За целосно имплементација на ЕУ-законите, Хрватска користела седум милијарди евра од структурните фондови.
– По влегувањето во ЕУ речиси сите индикатори на економијата се подобрени и 35 проценти од претприемачите имаат поголем извоз. Мојот совет е добро да се подготвите и со спроведување на мерките да почнете веднаш – истакна Блажиновиќ
На Форумот ќе има 70 учесници, експерти во областа на поглавје 20, претставници од релевантни национални и регионални инстиуции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании.
Интернационалниот форум го организира Фондација за Претприемачки сервис за млади во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската Унија.