До 14 октомври ќе трае најголемиот регионален онлајн-саем за вработување на кој се понудени над 500 отворени работни места.
Со еден клик на веб-страницата www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување, на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат лица за над 500 слободни позиции. Отворени се повеќе од 100 работни места само во Македонија.
Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.
Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроација осигурување, НЛБ банка, Македонски телеком, Магна интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.
Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда (14 октомври).